
Сигуран Простор
Изберете психотерапевт/психолог подолу и закажете бесплатна сесија👇👇👇
Цветанка Бурзевска

Лиценциран Психолог, Гешталт сов.Психотерапевт ( под супервизија ), сертифициран тренер и практичар по Арт Терапија (2020), ЕФТ сертифициран практичар (2021), Mindfulness сертифициран практичар (2022), практичар по Колор терапија (2022).12 годишно искуство како психолог во индивидуална и групна пракса, ментор, организатор на работилници, креатор на програми за личен раст и развој, прирачници и работилници со креативен и експресивен пристап.
Ко-основач на Моди Центар Скопје ( Центар за психотерапија, советување, психодијагностика и гешталт едукација )
Основач на ГАТ Терапи - Гешталт Арт Терапија.
Активен и истакнат член на ЕФАТ (Европска Федерација на Арт Терапевти), дел од 5 члениот Комитетот за Комуникации на ЕФАТ, член на комора на Психолози на РСМ.
Мојот пристап е преку експресивен начин , комбинација со техники од Гешталт и Арт терапија, полесно, побрзо и покреативно да направиме Себеистражување, себеспознавање и себеразбирање но и да научиме да ги согледуваме работите од поинаков агол. Моето мото е: Живеј сега и овде! Ужувај во моментот но биди свесен и за иднината!
Анѓела Богдановска

This is a Paragraph. Click on "Edit Text" or double click on the text box to edit the content and make sure to add any relevant information that you want to share with your visitors.
People are genuinely interested in learning more about you, so don’t be afraid to share personal anecdotes to create a more friendly quality.
Верица Бакулеска

Јас сум лиценциран психолог како и Психодрама и Гешталт терапевт под супервизија.
Работам како образовен асистент на деца со пречки во развојот а исто така се бавам и со онлајн психолошка помош.
При работата со клиенти, важно ми е да изградам искрен и автентичен однос кој би им помогнал да ги лоцираат и изразат внатрешните потреби - и во терпијата и во секојдневниот живот.
Јована Затаракоска

Јас сум Јована Затаракоска, лиценциран психолог и сертифициран системски и семеен
советник, во завршна година едукација за системски и семеен психотерапевт. Активен член
сум на комората на психолози и член сум на комисијата за итен одговор при катастрофи како
тело на комората. До сега сум работела индивидуално со возрасни/ адолесценти и брачно
советување, со користење на системскиот пристап. При својата работа се обидувам да бидам
сензитивна, креативна и отворена. Целам кон отворање нови перспективи кај лицата на кои
им е потребна помош и поддршка како и јакнење на снагите на личноста.
Воедно верувам дека првиот чекор кон барање помош е најтежок. Ве охрабрувам да тргнете
по тој пат.
Елена Чикос

Јас сум Елена Чикос, системски семеен психотерапевт под супервизија и
советник по интегративна психологија. Повеќе од 10 години работам во
Центарот за социјална работа на град Скопје, каде во последните 4 години
сум насочена кон работа со партнери во развод, односи помеѓу родители и
деца, заштита на млади во ризик и малолетничка деликвенција.
Во тераписката работа со клиентите се стремам кон градење на автентичен
однос базиран на емпатија, искреност и креативност. Наместо крајна
дестинација, гледам на терапијата како процес на лична промена и верувам
во луѓето и нивните капацитети.
Низ воден разговор и делење на искуството со другиот, патот на промените е
полесен па, затоа, те повикувам: Ајде да разговараме.